Skip to main content

Нови работни места и низа поволности за сограѓаните, вети Ристески

Независниот кандидат за градоначалник Васил Ристески,  побара поддршка од охриѓани  презентирајќи дел од  изборната програма.

 |  Валентина Неловска  | 
ристески
ристески

Независниот кандидат Васил Ристески, поддржан  од Социјал Демократската  Унија, како иден градоначалник побара поддршка од охриѓани  презентирајќи дел од  изборната прогарма. Ристески на охриѓани им ветува растеретување на семејниот буџет со пониска цена на водата за пиење, гробарината  и гробните места во висина од 30 до 50 проценти. За невработените и социјалните случаи, пак, вети отворање на нови работни места.

„ Според мојата програма од почетокот на пролетта од април- мај па се до 30 септември, огромен број од вас ќе биде  анагажиран во одржување на хигиената на езерскиот брег од Подмоље до Св. Наум и целиот  НП „Галичица“.  Бенефитот oд проектот ќе се чисто езеро и национален парк, а сите вие ќе може дополнително да заработувате и да го подобрите скромниот семеен буџет“.

ристескиПокрај овие бенфиции како експерт по медијација, независниот кандидат  Васил Ристески,  им  ветува на граѓаните и помош во решавање на меѓусебните судски спорови со бесплатно посредување.

„ Наместо да се тужите за одредени спорови кои ги имате  меѓу себе, наместо да поднесете тужби  било тоа да се правни или физички лица, ќе се обратите за буквално бесплатна медијација. Јас како експерт по медијација Ви гарантирам бесплатна медијација за 100 случаи во текот на годината. Ќе може да решавате меѓусебни спорови без еден денар да потрошите, а Вие  знаете за да отпочнете една судска постапка ќе ве чини 300 евра“.

Ристески во изборната програма има предвидено бесплатен превоз до градот и охридскиот пазар секој понеделник, за охридските пензионери и земјоделци.

{loadposition contеnt9}