Skip to main content

Белата чума ја зафати и Албанија

Новата тенденција во Албанија на семејство со се помалку деца е се поизразена по 90-те години на минатиот век.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bela cuma
Бела чума
Новата тенденција во Албанија на семејство со се помалку деца е се поизразена по 90-те години на минатиот век.

Ова го потврдуваат од албанското Министертво за здравство, од каде наведуваат дека пред 90-тите години од минатиот век годишно биле регистрирани по 85 илјади новороденчиња, додека лани бројот на новороденчиња изнесува 35 илјади.

tatko so dete„Фактот дека, годишно, имаме околу 50 илјади раѓања помалку, доволно зборува дека популацијата, како и во другите земји, и кај нас старее,“ изјави Рубена Моисиу, директока на гиниколошко-акушерската клиника „Кочо Глижени“ во Тирана.

Според неа, причините за опаѓањето на наталитетот пред се е масовната миграција, која надвор од Албанија во последните седумнаесет години однесе над еден милиони албански граѓани, економските услови, како и едукацијата на жената.

Ако во 1960 година во просек секое семсјтво имало по најмалку пет деца, сега тоа опаѓа на 1,6 деца.

 

 

{loadposition content9}