Skip to main content

Александар Станкоски ги промовира своите визии за градот

Долгогодишното искуство на адвокатот Александар Станкоски го мотивирало да го пренесе своето знање во градскиот Совет како  иден  советник.

 |  Валентина Неловска  | 
stankoski
stankoski

Долгогодишното работно искуство го мотивирало адвокатот Александар Станкоски да го пренесе своето знање во градскиот Совет како  иден  советник. Како што нагласува Станкоски негова основна задача ќе биде и понатака да го иницира вложувањето на странски инвеститори во градот. Негова заслуга биле инвестициите од 2002 година  на македонски иселеници кои вложиле свој капитал во хотелите Инекс Горица, Инекс Дрим и Галеб.  
stankoski
„ Во тек е реновирање на поранешниот хотел Застава во кој треба да најдат вработување најмалку 50 лица. Хотелот ќе биде пуштен во употреба најдоцна до септември. Ние нудиме работа без партиска книшка. Лица кои сакаат да работат и кои се подготвени на работа.“  

Покрај отварањето на работни места, негови заложби се и регулирање на сообраќајот и бучавоста во стариот дел на градот во летната туристичка сезона. Во неговата визија  за подбрување на животот на охриѓани е и ефикасната општинска администрација.

“ Она што јас како правник сметам е дека секое право треба да е оставарено во нашата општина. Општината да е место каде што ефикасноста на администарцијата ќе биде поефикасна. Луѓето да не шетаат од едно место на друго и за обичен документ да не чекаат и со месеци.“  

Како адвокат и правник со  мотото  „ Доста од поделби, правда и достоинство за сите“, ќе се залага градскиот Совет да биде орган кој ќе ги разгледува и одобрува одлуките на градоначалникот, а не Советот да е во служба на Градоначалникот.  Станкоски очекува во идниот состав на Советот  да влезат најмалку 2-ца советници од неговата листа.

{loadposition content9}