„Општина Дебрца е изолирана општина“-обвини кандидатот за градоначалник Трајковски
„Дали Љупчо Којчиноски може да излезе пред жителите на Дебрца и да даде отчет за сработеното.“ Вака запраша кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Дебрца, Игор Трајковски.
„После локалните избори, општина Дебрца ќе биде конечно ослободена со завршувањто на функцијата градоначалник на Љупчо Којчиноски.“-порача кандидатот за градоначалник на Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски. Тој воедно го обвини и дека општина Дебрца во изминативе 16 години е држена во изолација.
„Живееме во 21 век каде што секоја институција е транспарентна и отворена за граѓаните, единствено за оваа наша општина никој ништо не знае нитуа пак се има пристап до било какви информации, ниту туа колку средства, какви средства се вложени нитуа пак можеме да видиме каде се вложени, затоа што и ништо не е вложени или направено, освен за некои тендери за кои мнозинството од жителите не знаат. Мистерија е дали Љупчо Којчиноски и братството работеа во некоја тајна организација или во општина која требаше да биде во служба на граѓаните, јавно и транспарентно. Во време на модернизација и напредок на општините низ Република Македонија само оваа наша општина не е помрдната од мртва точка.“-рече кандидатот за градоначалник на Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски.
Кандидатот за градоначалник на Дебрца, Трајковски обвини дека општина Дебрца функционира врз база на братства каде едни плаќаат сметки, а други не.
„Во служба на група насилници познати на полицијата често пати донесуваше решенија на штета на општината. Го занемаруваа општиот интерес на жителите на општина Дебрца. Љупчо Којчиноски соочен со заканите и уцените кои потекнуваа од сопствените партиски редови играше по правилото „Сите за еден, а тој еден само за неколку од братството.“ Да се запрашаме сега на кого му одговара општина во која не владее законот, без современа амбуланта и медицинска опрема, аптека и домови на култура, на чесни луѓе ова им одговара или на одредени групи од СДСМ?“-запраша Трајковски.
Трајковски меѓу другото и го повика својот противкандидат, Којчиноски за ТВ дуел на било која телевизија за да каже што било сработено во изминатите години.
{loadposition content9}