Skip to main content

Петрески тврди- владее паника во редовите на Вмро Дпмне

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар  Петрески  изрази благодарност  до сите учесници  на вчерашниот  митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
Petreski
Petreski

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар  Петрески  изрази благодарност  до сите учесници  на вчерашниот  митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани. Тоа е поддршка кон нас  и го одсликува располажението на граѓаните. Со тоа им се залудни  лажните анкети од Павел  Шатев, работатата овде е завршена. Тие тоа добро го знаат и затоа почнаа со подземна и ниска кампања, рече Петрески. Почнаа нивните министри да одат низ охридските  села и да злоупотребуваат службени возила и наместо да работат во интерес на сите граѓани, кажа Петрески. Порача дека кампања не се прави за еден  ден и месец,  дека граѓаните знаат кој  е Александар  Петрески и како работи. Додаде  дека ниската кампања не доликува за Охрид ни за Македонија.
koalicija
„ Ја одсликува паниката во нивните редови. Тие ги знаат вистинските резултати и анакети, знаат кои се лажни анкети. Доколку водат по анкетите на Павел Шатев зошто одат од куќа на куќа и носителот на листа и против кандидатот Бакрачески“, прашува Петрески.   

Петрески се задржа и на здравството за кое кажа дека е во катастофална состојба. Праша зошто за седум години од кога се на власт зошто досега не ги  средија состојбите.
„ Никогаш на пониски гранки не било здравството во Охрид, тргнувајќи од  Костозглобна и во Општа болница. Три години нема гинекологија, хирургијаи други сектори во општа болница. Тие сега во предизборна кампања ќе го спасувале здравството. Тие подобро д амислат како ќе  ги спауваат своите глави“, рече  Петрески.

Петрески се задржа и на охридската општа болница. Јас и сега и тогаш не шпекулирав дека тие направија катастрофа со болницата, знам дека директорот не виновен и не потпишуваше договори, но некој ќе одговара не само за проневера од 3 милиони евра туку и за трагичните човечки  судбини на пациенти, рече Петрески.
Петрески одговори и на обвинувањата за вработувњата. Потврди дека вработил 1500 луѓе, и увери дека до Нова година ќе вработи уште 1500 нови луѓе. Луѓето мора некаде да работат и да им се бара решение за најосновниот проблем егзистенцијата, кажа Петрески.    

{loadposition content9}