Со Фејсбук против депресијата
Доколку сте депресивни отворете го вашиот Фејсбук профил и прегледајте ги сопствените фотографи, советуваат експертите и тврдат дека на тој начин ќе го подобрите расположението.
Доколку сте депресивни отворете го вашиот Фејсбук профил и прегледајте ги сопствените фотографи, советуваат експертите и тврдат дека на тој начин ќе го подобрите расположението.
Докторката Елис Гуд, од Универзитетот Портсхомаут, каде е работено истражувањето, утврди дека 90 отсто од корисниците на оваа социјална мрежа ги гледаат своите постови на ѕидот, а 75 отсто ги гледале своите фотографии кога се чуствувале лошо.
Оваа студија е спротивна од онаа каде истражувачите тврдеа дека прегледувањето на Фејсбук лошо влијае на менталниот склоп на луѓето.
Во испитувањето учествуваа 144 Фејсбук корисници и утврдено е дека луѓето често ја користат социјалната мрежа да се потсетат на спомените, користејќи фотографии и постови како вид на утеха.
Истражувањето откри дека луѓето кои имале психички проблеми се чуствувале пријатно прегледувајќи го Фејсбук.
– Многу се изненадивме од резултатите кои се контрадикторни на некои поранешни истражувања. Ова беше мало истражување, но ќе го спроведеме и на поголеми групи за да утврдиме дали резултатите ќе останат исти, рече др. Гуд.
Психологот Клер Вилсон изјави дека резултатите се фасцинантни.
– Фејсбук е детектиран како средство за комуникација со другите, а истражувањето покажа да го користиме и за поврзување со нашето минато, можеби во моментот кога на нашата сегашност и треба охрабрување. Фотографиите кои ги поставуваме често не потсетуваат на позитивни случувања од нашето минато. Кога сме нерасположени или во жалост често забораваме како добро сме се чуствувале порано.
Нашите позитивни постови можат да не потсетат на тоа, рече др. Вилсон.
Истражувањето покажа дека социјалните мрежи би можеле да бидат користени како ефективни третмани за луѓето кои страдаат од депресија или анксиозност.
{loadposition content9}