Децата со посебни потреби веќе имаат сопствен превоз
Децата со посебни потреби ќе добијат бесплатен превоз со специјализирано возило. Вчера во Охрид, пристигна комбе возилото со фул опрема, специјално наменета за посебните потреби на децата со инвалидитет. Тоа е купено со собраните средства од акцијата Декември – Месец на отворено срце, на иницијатива на Охридски Комуналец и Отпад во сораборка со неколку организации од градот.
Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше оваа хумана акција и како истата се реализира.
„Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би требало да биде ставено на располагање“.
Но хуманоста не застанува тука продолжува и понатаму, вели Алче. Додава дека следува сервисирање на возилото, за што презела одговорност компанијата Галеб Охрид а исто така и Здружението на возачи се понудило да ги направи сите потребни технички прегледи бесплатно.
„Јас како човек сум среќен што ја реализиравме оваа акција одвоивме мал дел од нашето слободно време за една хумана акција која ќе продолжи со нови идеи на нов начин ќе помогниме на децата на кои им е најпотребна помош а тоа се децата со посебни потребни“.
Возилото марка „Мерцедес“ ќе биде отстапено на користење на здружението за грижа на лица со посебни потреби „Зрак“ од Охрид, со можност да го користат и останатите здруженија од општинава. Инаку комбето содржи комплетна опрема, специјална рампа која со далечински управувач се адаптира согласно потребите на лицата. Исто така возилото има простор за превоз на опрема на лицата со посебни потреби која се прицврствуа на метална решетка специјално инсталирана за таа намена.
{loadposition content9}