Skip to main content

Осум години лаги и манипулации

Осум години лаги и манипулации. Ветени  а нереализирани проекти. Ова е владеењето на Александар Петрески, обвини Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
OK VMRO DPMNE
ОК ВМРО ДПМНЕ

Согледувајќи ги изминатите осум години од работењето на Александар Петрески и СДСМ во Охрид можеме да кажеме дека тоа беше време на лаги измами и бесмислени  манипулации, рече денес на пресс конференција Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовиоте на ВМРО ДПМНЕ. logoТој потенцираше дека доколку Петрески ги негира обвинувањата за нереализираните ветувања тие се тука да го потсетат што се ветил, а неостварил.

Дел од лажните ветувања се  и реализацијата на програмата за рурален туризам, изградбата на современ пазар и современа автобуска станица како и изградба на регионален дом за стари лица, подвлече Шокаровски.

Шокаровски рече дека Петрески се обидува со нелегални договори за дело да ги купи гласовите на сограѓаните

Пратеникот рече дека охриѓани нема да дозволат повторно да бидат измамени и изманипулирани, а нема да заборават и на лажните ветувања дадени од страна на Петрески.

{loadposition content9}