Skip to main content

Нема да има отпуштања на администрацијата во општина и во јавните претпријатија, вети Бакрачески

Тенденциозни невистини се шират за заплашување на вработените во општинската администација и ЈП, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески.

 |  Валентина Неловска  | 
Bakraceski
Бакрачески

Тенденциозни невистини се шират за заплашување на вработените во општинската администација и ЈП, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески. Се пласираат лаги  дека по моето доаѓање како градоначалник и општинската администрација на Вмро Дпмне ќе има масовни отпуштања на овие вработени. Потенцираше дека тоа е дел од стратегијата за заплашување на вработените од страна на градоначалникот на  заминување. Досега во мојата кариера никогаш не се случило  некого да отпуштам од работа туку напротив сум вработувал  и сум обезбедувал редовно плати за моите вработени, кажа Бакрачески.

„ Сакам да упатам јасна порака до вработените во општинската администрација и јавните претпријатија, како  иден градоначалник немам намера да отпуштам вработени. Ќе направм со мојот тим и новата постава вработените да почнат редовно да земаат плата.“
Bakraceski
По победата на 24 март, Никола Бакрачески како иден градоначалник најави и справување со блокираните жиро сметки на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија.

„ Ние имаме стратегија како да се справиме со астрономските презадолжувања и како да ги одблокираме  сметките. Експерти се занимаваат со проблематиката, прават план за сервисирање на тие долгови.“

Никола Бакрачески  вети администрација која ќе е деполитизирана  и професионална како што доликува според законските прописи.

„ Сите вработени ќе бидат максимално заштитени со истите постулати со кои го водев Заводот за срцеви заболувања. Имам намера со посилно темпо да ги спроведам во идната европски ориентирана Локална самоуправа и јавни претпријатија, кажа  Бакрачески.

Бакрачески најави и справување со уцените и заканите кој сега се прават врз вработените во администрацијата на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија. Сите кои ќе посегнат да прават мобинг врз вработените ќе бидат санкционирани, порача Бакрачески.  

{loadposition content9}