Искршен штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска
Дејан Блажески, кандидатот за советник од оваа коалиција, обвини дека однесувањето на нивните политички противници од ВМРО-ДПМНЕ го достигнало дното на пристојно политичко однесување.
Портпаролот и кандидат за советник од Сојузот за иднината, Дејан Блажески вели дека и во гладијаторските борби постојат правила кои треба да се почитуваат.
Тој смета дека во Република Македонија нема политичка зрелост и почитување на најсветото.
„Притисоците и заканите продолжуваат и понатака. Изминатава ноќ демолиран е штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска. Случајот е пријавен во охридската полиција, истражните органи биле на местото на настанот, направен е записник и како Сојуз за иднината бараме брзо расветлување на настанот. Затоа ви го приложувам како доказ овој записник и сликите од демолираниот штаб во Воска кој можете да го погледнете сите. Во межувреме за крај одбројуваме, остануваат уште три дена за кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ да се соочи со нашиот кандидат, некој од советниците да се соочи со советниците кои се наоѓаат на листата на Сојузот за иднината, како и она што ние го побаравме како портпароли.-рече Дејан Блажески-портпарол и кандидат за советник од Сојуз за иднината.
{loadposition content9}