Дечињата и се радуваа на пролетта
Дечињата од охридските градинки и се радуваа на пролетта.
Весело, разиграно, распеано. Дечињата од детската градинка Јасна Ристеска маскирани во пеперутки, цвеќиња, бумбари, пчели, штурчиња и се радуваа на пролетта.
Директорката на градинките Марина Петроска Тодороска вели дека секоја година во оваа образовна институција на 21 март има програма со која го одбележуваат денот на пролетта. Таа додава дека овој настан е составен дел од воспитно образовната програма.
„На 21 март ја поздравуваме пролетта со соодветна содржина, соодветна програма заедно со децата маскирани во предвесници на пролетта ја прославуваат пролетта. Самите тие со своите насмеани ликови се весници на пролетта. Среќни се што ќе ни дојди пролетта, сонецето што конечно ќе ни се покаже и ќе можат весело надвор да играат“, вели Марина Петроска Тодороска, директор на детска градинка Јасна Ристеска.
Инаку активности и приредби по повод доаѓањето на пролетта денеска имаше во сите пет објекти на детската градинка Јасна Ристеска со сите воспитни групи од две до шест годишна воздраст како и децата од продолжен престој.
{loadposition content9}