Skip to main content

Вандалски гест – уништен подвижниот билборд на Павел Попоски

Павел Попоски носител на советничката листа на група граѓани на последниот ден од изборната кампања кажа дека истата поминала во чесна презентација на нивната програма  која  е спроведлива на дело.

 |  Валентина Неловска  | 
poposki
poposki

Павел Попоски носител на советничката листа на група граѓани на последниот ден од изборната кампања кажа дека истата поминала во чесна презентација на нивната програма  која  е спроведлива на дело. Доколку  ја добиеме  довербата на граѓаните ветуваме поинаков начин на работа на градскиот Совет, рече Попоски. Тој кажа дека ќе бидат преносители и  извршители на барањата на граѓаните, ќе ја контролираат работата на градоначалникот, а ќе го променат и ликот на општиPoposkiнската администрација.  Попоски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 38 на нивната советничка листа. При тоа се обрати и на политичките партии и на охриѓани.

„Доста се обвинувања, навреди, омаловажувања помеѓу себе. Ние бевме жртви на нечесни игри, ни се уништуваа постери, а ноќеска ни го уништија подвижниот билборд. Никого нема да обвиниме за овој гнасен чин на заплашување и притисок. Но, ги замолувам политичките партии, овие избори да поминат во коректни и демократски услови. Пред молкот им се обраќам и на граѓаните  да излезат и да поддржат мојата кандидатура. Сум покажал дека знам, умеам и сакам Охрид да стане европски град, „Знаеме зошто ќе се залагаме“, порача при тоа Попоски. 

{loadposition content9}