Чекориме кон Европска Струга
Чекориме кон Европска Струга. Струга е подготвена како никогаш, а стружани цврсто решени да се изборат за својата иднина. Само со доверба од граѓаните без оглед на нивната партиска определба, може да го постигнеме тоа, порачаа од коалицијата „Сојуз за Струга“.
Големата коалиција „Сојуз за Струга“, на само два дена пред изборите се обратија до граѓаните на Струга. Кажаа дека подготвени се да го дадат својот максимум во формирање на една стабилна гарнитура, која ќе работи исклучиво за интересите на граѓаните на Струга без разлика на нивната партиска, верска или етничка припадност. Зголемување на обемот на инвестициите, подобрување на комуналната инфраструктура, квалитетни проекти со невладини организации и здруженија, отарање на нови работни, подобрување на условите во образованието, да се сочуваат и унапредат обичаите и другите карактеристики на мултиетничка Струга се само дел од заложбите кои ги нагласија од коалицијата „Сојуз за Струга“.
„Иако во изминатите денови од поединци од спротивните политички табори се изнаслушавме разни националистички истапи и реторики, ние од колаицијата Сојуз за Струга, останавме цврсти и доследни зад мултиетничноста на Струга“.
„Нашата работа ја завршивме, денеска на полноќ е молкот меѓутоа од сите сознанија што ги имаме верувам дека за Струга 24 март ќе биде ден кога сите заедно ќе слвиме“.
„Ние младите сакаме развојна и просперитетна општина која ќе отвори можности за создавање и творење Сакаме со сите наши врсници да останеме тука и да ја градиме иднината на нашиот град“.
„Во изминативе денови се изнаслушавме многу закани и повици за албанизација на општините Струга и Кичево. Многу изливи на национализам и тешки зборови кои дирекно беа упатени на сметка на соживотот меѓу етничките заедници. Го прашувам г – динот Зијадин Села, што сакаше да постигне со зборовите дека Струга е и ќе биде албанска. Дали сакаше со тоа да каже дека во Струга нема да има место за другите етникуми, дали со тоа сакаше да каже дека планира албанизација на македонските муслимани на турците на ромите и останатите. Му порачуваме да се разбуди од сонот да погледне околу себе и да се увери дека овде во Струга живеат македонци кои засекогаш ќе живеат тука“.
„Во оваа победничка коалиција, нема етно национализам и радикализам но има патриотизам има љубов за својата татковина за својот град за својата иднина. Затоа почитувани граѓани на Струга, македонци, турци, роми, торбеши, бошњаци, срби, власи, албанци на кои им е доста од стоење во место, доста од тоталниот колапс во градот, доста од празни ветувања, ве повикувам и охрабрувам на 24 март во недела масовно сите да излеземе и да го оствариме со устав загарантираното право на глас и да избереме опција која ќе обезбеди посветла иднина на стружани“.
{loadposition content9}