Холивуд им вели „НЕ“ на секс сцените?
Секс сцените кои се сметаа за „нормална“ појава во скоро секој холивудски филм, можеби ќе заминат во историјата, бидејќи продуцентите сметаат дека сексот повеќе „не се продава“ толку добро.
Секс сцените кои се сметаа за „нормална“ појава во скоро секој холивудски филм, можеби ќе заминат во историјата, бидејќи продуцентите сметаат дека сексот повеќе „не се продава“ толку добро.
На местото од разголени сцени, страсни прегратки и жешки, сензуални допири, директорите на филмските студија, ни нудат филмови со многу специјални ефекти и акции, кои треба да ја забавуваат публика.
Според една анализа, последниот голем блокбастер во кој се нашла сцената со секс бил „Титаник“ од 1997 година. Сите се сеќаваме на сцената кога Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет водат љубов со замаглени прозорци.
Директорите на студијата сега бараат од сценаристите и режисерите да направат филм, кој е повеќе „семеен“, бидејќи мислат дека така повеќе ќе заработат на благајните.
Се смета дека сцените, како оние во „Основен инстинкт“, во кој тогаш фаталната Шерон Стоун ги прекрстува нозете во легендарната жешка и заводничка сцена, не се пригодни за денешната атмосфера.
„Сцените со секс постоеле за малку да го зачинат некој трилер. Денес, со таквите сцени ја губите помладата публика, за која тие не се погодни“, вели еден филмски аналитичар.
Тој наведува дека улогата на Џенифер Лоренс во филмот „Silver Linings Playbook“ е типичен пример на оваа модерна ера која „влегува“ во филмот.
{loadposition content9}