ВМРО ДПМНЕ го освои мнозинството во Советот
Мнозинството во идниот градски совет го имаат 12-мина советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.
Мнозинството во идниот градски совет го имаат 12-мина советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија. Довербата од 15.007 граѓани или 44 посто охриѓани, за да одлучуваат во следните 4 години по клучни прашања на градот, ја добија 10 претставници од Вмро Дпмне, еден од Социјалистичката партија и еден од Партијата на Турците. Во советот влегуваат, носителот на листата д-р Јованка Точко, а потоа следуваат и останатите кандидати од советничката листа: Дејан Паноски, Сашо Донев, Климент Шешоски, Илија Арнаудов, д-р Гордана Коњановска, Љубомир Чаулев од Социјалистичката партија, Јадранка Здравеска, Иљат Исмаил од Партијата на Турците, Ангел Јанев, д-р Славица Петровска и Коста Трифуноски.
Во овој состав, 8 советнички мандати, со доверба од 9.905 граѓани или 29 посто од граѓаните освои опозициониот Сојуз за иднината. Во овој состав има 4-ца преставници од СДСМ, двајца од Вмро НП и по еден од ЛДП и НСДП. Во идниот состав влегуваат Проф. д-р Јован Стојаноски, Александар Калачоски од Вмро НП, Оливија Пирузева Јанева, Дејан Блажески ЛДП, Томислав Тунтев, Јоне Станкоски од ВМРО НП, Жаклина Лазареска и Верица Хајба од НСДП.
Павел Попоски, со 1783 гласа, е новиот независен советник во градскиот совет, а покрај него по втор пат во советничките клупи ќе седнат и поранешните независни советници Љупчо Настоски со 1373 гласа и Кујтим Хусеини со 2176 гласови.
{loadposition content9}