Skip to main content

Започна самитот на новите економски џинови-БРИКС

Во јужнафриканскиот град Дурбан денеска почнува петата средба на високо ниво на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), пренесоа руските медиуми.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Во јужнафриканскиот град Дурбан денеска почнува петата средба на високо ниво на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), пренесоа руските медиуми.

За време на дводневниот форум, освен општите дискусии меѓу лидерите на петте држави, ќе има и серија билатерални средби. Гостин на форумот ќе биде претседателот на Египет, Мухамед Морси, кој ќе се сретне со Владимир Путин.

samitСе очекува од политичките теми, што ќе се разгледаат на средбата на врвот, да доминираат конфликтот во Сирија, проблемите на Блискиот исток и иранската нуклеарна програма.

Се очекува на средбата БРИКС да соопшти дека ќе создаде своја банка за развој.
Средбата во Дурбан ќе се следи со огромно внимание, затоа што ќе биде првата средба на организацијата за новиот кинески лидер Си Џинпин.

Во Дурбан Путин со јужноафриканскиот лидер Џејкоб Зума ќе потпише серија спогодби за стратегиско партнерство, пред се, во воено-техничката сфера, образованието, енергетиката, науката, технологиите и транспортот.
Паралелно со самитот во Дурбан вчера почна дводневен бизнис форум со учество на над 900 бизнисмени од БРИКС.
Земјите од БРИКС заземаат 26 проценти од територијата на планетата, а нивното население изнесува 42 проценти од населението на Земјата.

{loadposition content9}