Северна Кореја и се закани на САД
Северна Кореја денеска соопшти дека нејзините стратешки ракети и далекосежната артилеријата се ставени во борбена готовност насочени кон американските воени бази.
Северна Кореја денеска соопшти дека нејзините стратешки ракети и далекосежната артилеријата се ставени во борбена готовност насочени кон американските воени бази.
Северна Кореја денеска соопшти дека нејзините стратешки ракети и далекосежната артилеријата се ставени во борбена готовност насочени кон американските воени бази во Гуама, Хаваите и американскиот континент, откако американските бомбардери B-52 изведоа нови летови над Корејскиот полуостров, заканувајќи му е на Северот.
„Од овој момент врховната команда на Корејската народна армија ќе ги стави во борбена положба од прв степен сите артилериски единици, вклучувајќи ја и артилеријата од далекосежен дострел и стратешките ракети, кои за цел ќе ги имаат непријателските објекти во инвазиските бази на САД на нивното главно копно, Хаваите и Гуама, како и Јужна Кореја“, пренесе државната агенција KCNA.
Пјонгјанг и претходно се закануваше со нуклеарни напади на САД и Јужна Кореја, иако се верува дека Северот и покрај успешното лансирање на ракетата од долг дострел минатиот декември, не располага со ракети и технологија со која би можел да досегне до континенталниот дел на САД со своето нуклеарно оружје.
{loadposition content9}