Skip to main content

Душко Долгоушко, најпопуларен

Порталот Animated TV направи листа на 50 најпопуларни ликови од цртаните филмови.

dusko dolgoushko
душко долгоушко

На врвот е симпатичниот Душко Долгоушко, поради легендарната реченица „Што е сега, другар?“

За прв пат се појавил во 1938 година, како безимениот зајак во „Прасето лови зајаци“. Дури подоцна, аниматорот Текс Ејвери му го дава името Душко Долгоушко, односно Bugs Bunny, според злогласниот мафијаш од западнот брег на САД. И денес овој зајак со задоволство се гледа во секој дом.

homer simpsonНа второ место на оваа листа е Хомер Симпсон, којшто е на телевизиските екрани повеќе од 20 години.

Никој не е совршен, па ни тој, но се труди да им биде добар татко на Меги, Лиза и Барт, и сопруг на Марџ. Симпсон го создаде Мен Гренинг по примерот на својот татко, којшто исто така, се вика Хомер.

Мики Маус ја претставува компанијата Дизни во сите облици. Се појавува во 1928 година во првиот звучен синхронизиран цртан филм „Парабродот Вили“.

Првата личност што му го позајми гласот на Мики е основачот на компанијата, Волт Дизни. Подоцна тоа беа актерите Џим Мекдоналд и Вејн Алвин.

На четвртото место на листата се најде уште еден лик од цртаниот филм „Симпсонови“, Барт Симпсон. Во најавата, гледачите секогаш го наоѓаат како на училишната табла за казна испишува „Ќе го завршам она што сум го зап…“. Тој е шегобиец, но и верен пријател и брат.

charlie brownЧарли Браун е ликот што ја комплетира листата од пет најпопуларни цртани ликови на сите времиња. За прв пат се појавува во 1965 година, во филмот „Божиќ на Чарли Браун“.
Момчето што никогаш не си игра со топка, има куче Снупи што е попопуларно од него и безимено црвенокосо девојче во коешто е вљубен.

Чарли Браун е всушност Чарли Шулц, човекот што го создаде ликот на Браун. Чарли Шулц три години се забавувал со црвенокоса девојка. На крајот ја запросил но таа го одбила. Затоа и се појавува во овој цртан филм ликот на црвенокосата девојка.

{loadposition content9}