Skip to main content

Победата на Владимир Кочоски во Струга е чиста

„Победата на Владимир Кочоски во Струга е чиста“, се огласија денес од коалицијата „Сојуз за Струга“. Тие повикаа на 7 април народот уште еднаш да ја потврди убедливата победа на заедничкиот кандидат за градоначалник и да ја поткрепат најјаката политичка сила во Советот.

 |  Николоска Биљана  | 
zaturoska
затуроска

zaturoskaПобедивме во првиот круг, ќе победиме и во вториот круг, најави Ристо Ќушкоски, носителот на заедничката советничка листа на „Сојузот за Струга“. Тој потенцираше дека само заеднички може да се надминат партиските, верските и етничките бариери, бидејќи се работи за подобра Струга, подобра иднина на нашите деца и идните поколенија.

„На 24 март Струга победи, победија граѓаните на општина Струга. Близу 15 000 гласови се изброија на контото на заедничката советничка листа и исто толку и на заедничкиот кандидат Д- р Владимир Кочоски. Во градот Струга кочоски победи со над 4 000 гласови повеќе од заедничките гласови на неговите политички конкуренти. Тоа е значајна порака како до Стружани така и до цела Македонија“ – изјави Ќушкоски.

Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ и советник во идниот Совет на заедничката советничка листа Перо Петкоски, изрази голема благодарност кон сите што им ја дадоа поддршката, како и на тимот кој неуморно работеше на овие избори за Струга.

pero„На стружаните не им беша потребен експресен увоз на свои сограѓани, кои живеат и работат во западно европските држави како економски емигранти како што тоа го направија партиите на македонските Албанци  на вештачки и некоректен начин. Само во градот Струга живеат дупло повеќе македонци, во споредба со сите останати заедно македонски албанци, турци, роми и муслимани. Во Струга 7374 граѓани гласот го дадоа за Владо Кочоски, 2256 за Зијадин Села, додека за Арбен Лабуништа гласаа само 1508 граѓани.овие информации им беа добро познати на ДУИ и ДПА уште пред изборите“- рече Петкоски.

Од „Сојузот за Струга“, уште еднаш порачаа : „Ние сме и ќе бидеме тука засекогаш“, „Сите заедно посилно од кога и да е“, „Победивме во првиот круг ќе победиме и сега“. Додадоа дека Владимир Кочоски е човекот кој ќе овозможи граѓаните на Струга за кратко време да направат разлика и да го споредат квалитетот на работа, ефикасноста, еланот и љубовта кон нашиот град.

{loadposition content9}