Забранетите фотографии од Гиза
Туристи од Русија кои биле на одмор во Египет, успешно го прелажале обезбедувањето на пирамидите.
Туристи од Русија кои биле на одмор во Египет, успешно го прелажале обезбедувањето на пирамидите.
Тие почекале да се завршат сите туристички прошетки и се „провлекле“ покрај чуварите за да направат фотографии од врвот на Големата пирамида, позната како Кеопсовата пирамида без да ги забележат кога се качувале и симнувале.Фотографот Витали Раскалов направил фотографии од пустината од 140 метри висина.
Големата пирамида е гробница на фараонот Куфу, кого Грците го нарекувале Кеопс, а изградена е во 2.560 година пред новата ера.
Се верува дека ја граделе 100.000 луѓе во период од полни 20 години. Оваа градба важи и за најстаро светско чудо.
{loadposition content9}