Skip to main content

Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за ЛОИ 2016. година

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Олимписките игри во 2016. година.

 |  Крсте Голабовски  | 
LOI 2016
ЛОИ 2016
Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Олимписките игри во 2016. година.

Функционерите кои ја претставуваа кандидатурата на Чикаго на состанокот на Европскиот олимписки комитет во Истанбул, вчера емитирале видео снимка на кој Обама ја поддржал кандидатурата на американскиот град за Игрите во 2016. година.

ChickagoОбама рекол дека неговата администрација ќе внесе „свежина” со која Америка ќе ги решава светските проблеми, додавајќи дека Олимписките игри се „шанса Америка да го нагости светот, но и да го зајакне пријателството на глобално ниво”.

Новоизбраниот претседател на САД во моментот живее во близина на местото каде што ќе се гради олимпискиот стадион во Чикаго.

Освен Чикаго, во трка за организација на ЛОИ 2016. година се и Мадрид, Токио и Рио де Женеиро.

 

 

{loadposition content9}