Skip to main content

Мендела повторно во болница

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Нелсoн Мандела повторно е примен во болница во Преторија со белодробна инфекција.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nelson Mandela
Нелсон Мандела

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Нелсoн Мандела повторно е примен во болница во Преторија со белодробна инфекција.

Nelson MandelaПрвиот претседател на Република Јужна Африка (РЈА) со црна боја на кожата, Нелсон Мандела, повторно е примен во болница со белодробна
инфекција, соопшти бирото на шефот на државата, Јакоб Зума. Мандела (94) бил хоспитализиран непосредно пред полноќ.

Повеќе детали не се дадени, а само се уверува дека историскиот лидер на борбата против апартхејдот во РЈА го добива најдоброто можно лекување.

Мандела и претходно овој месец на кратко беше сместен во болница заради лекарски прегледи. Добитникот на Нобеловата награда за мир за 1993 година три недели во декември беше хоспитализиран заради белодробна инфекција. Тогаш му беше направена и операција за отстранување на камења од жолчката.

Тоа беше најдолгиот престој на Мандела во болница, откако во 1990 година беше ослободен, по 27 години минати во затвор, заради својата борба против режимот на расна сегрегација во РЈА. Од 1994 до 1999 година Мандела беше претседател на Јужноафриканската Република.

{loadposition content9}