Skip to main content

Торинското платно не е измама?

Новото истражување на италијанските научници покажало дека Торинското платно е навистина ткаенината во која би можело да биде замотано телото на Исус Христос.

torinsko platno
торинско платно

Новото истражување на италијанските научници покажало дека Торинското платно е навистина ткаенината во која би можело да биде замотано телото на Исус Христос.

torinsko platnoВеќе со години научниците не можат да се сложат околу автентичноста на платното, а за верниците тоа е уште еден доказ за постоењето на Исус, иако многумина тврдат дека станува збор за средновековна измама.
Научниците од Падова се убедени дека ја разрешиле мистеријата и тврдат дека конзистентноста на платното е слична како платното употребувано за закопување на мртвите во времето на Исус.

Торинското платно е долго скоро пет метри и на него се наоѓа слика на висок човек со долга коса и брада, но и со крвави дамки, односно местата одговараат на Исусовите рани. Платното се чува во кралската капела на катедралата на Свети Јован Крстител во Торино.
На платното беа направени три нови теста, еден механички и два хемиски. Користени се форензички методи, а добиените резултати покажуваат дека платното е создадено во период меѓу 300 година пред Христа до 400 година по Христа.

Папата Бенедикт 16 пред да се повлече од функцијата одобри јавно изложување на платното како свој последен подарок на верниците.

{loadposition content9}