Кочоски сигурен во победата на 7 ми април
„Струга после 7 ми април ќе се прероди“, истакна д- р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“. Тој исто така најави, дека не само за Струга, напорно и посветено ќе работи и за руралните средини, каде во програмата се планирани бројни проекти.
Барањата на стружани се преточени во проекти. Проекти за сите подеднакво, без разлика на етничка или друга поделба. Тоа го кажа Д- р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“ на денешната прес конференција, која беше посветена на проектите кои се застапени во програмата за развој на Струга и струшко, а истите ќе бидат реализирани после 7 ми април.
„Општина Струга мора да си го добие епитетот за најубава и најгостопримлива општина. Во мојата програма не се заборавени руралните средини. И тие како и градот треба да се развиваат подеднакво. Затоа уште во првите денови од мојот мандат со мојот тим започнуваме со изработка на детална стратегија за рамномерен развој на сите рурални средини. Недозволиво е во 21 бек жителите на Октиси да немат игралиште каде кладите ќе можат да играат и да се забавуваат, недозволиво е сеуште да не е асфалтиран патот кој ги поврзува селата Октиси и Велешта во должина од 2 км, недозволиво е жителите н аЛабуништа сеуште да немаат спортска сала и да живеат во загадена животна средина“.
Кочоски вели дека исправено и гордо стои пред една тешка борба, која смета дека со сигурност ќе ја добие. Ветува дека после 7 ми април максимално ќе се вложи и макотрпно ќе работи за да го подобри животот на секој граѓанин на општината.
„После 7 ми април нема да има простор за никакви делби и поделби, сите ќе бидеме еднакви сите ќе придонесуваме подеднакво за развојот и просперитетот на општината. Ќе придонесуваме за мирот и соживотот кој никогаш не бил доведен во прашање а овие простори. Како доктор сум помогнал на многумина и како градоначалник ќе го правам истото“.
Заедничкиот кандидат понуди многу проекти кои се клучни за Струга и струшко, но секако, без поддршка и одлука на гласачите од сето тое ништо.
„Стружани Вие ќе одлучите дали ќе го развивате земјоделието и сточарството и Вие ќе бидете одговорни доколку не саката Струга да биде крајна туристичка дестинација. Сето ова за да го има Струга и нашите поколенија зависи од 7 ми април, зависи од вашиот глас. Не го фрлајте гласот во празно или како што кажуваат нашите постари, по Дрим, гласајте за Васи вашите проекти преточени во мојата програма. Гласајте за мене а јас во наредните четири години ќе ви вратам со резултати“.
Изградба и реконструкција на училишта, развој на спортот со изградба на игралишта во секое населено место во општина Струга, нов градски пазар, пристаниште, проект за машина за рециклирање за еколошки здрава средина, канализација и вода за пиење, се само дел од приоритетните проекти кои ги најави Кочоски, а чекаат за реализација. Кочоски исто така додаде дека како идна Локална самоуправа нема да дозволат кочење на проектите, и истите нема да биат селектирани врз основа на етничка основа, нема да се дозволуваат дивоградби кои го узурпираат просторот и видикот, нема да дозволат асфалтираните улици да се претворат во калдрма, граѓаните нема да живеат во мрак, ќе се осветли градот и сите околни села, а планирани се средства и за проекти за чествување на сите верски празници било да се христијански или муслимански.
{loadposition content9}