Бројот на посетители во Охрид повторно се „ тресе“ од ракав
На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават католичкиот Велигден.
На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават католичкиот Велигден. Оваа констатција се извлекува од поединечните контакти со хотелиерите. Во повеќето хотели од конатктите со менаџерите за продажба информираат дека или воопшто немаат гости или пак имаат помали групи на посетители.
Од хотел Инекс Горица информираат дека немаат гости за католичкиот празник. Исто така и од Гранит кажа дека нивните капацитети останале празни. Во иста ситуација се и хотелите Метропол и Белви. Во моментов и од хотел Гарден кратко изјавија дека имаат помала група гости од Турција. Од некои хотели пак не успеавме да дознаеме дали имаат гости и колкав е нивниот број.
Од менаџерите за продажба дознаваме дека поголеми најави за посетеност и резервации има за православниот Велигден, во мај. Ваквиот начин на утврдување на точна бројка остава можност за шпекулации. Во Охрид подолго време е проблематично добивањето на точна бројка на странски посетители на ривиерата. Со оваа констатација се согласува и туристичкиот менаџер Владо Суклоски кој потврдува дека до податоците се доаѓа преку лични контакти и дека недостасува линк помеѓу институциите.
„ Тоа е поради некоординираност помеѓу Тлер, инспекциските служби и полицијата кои треба меѓусебно да соработуваат и координираат при пријавувањето на странските и домашните гости. Може гостинот да е пријавен во полиција, а во Локалната самоуправа да нема евиденција. Тоа се случува и во хотелите и во приватното сместување.“
Надминувањето на овој проблем Суклоски го гледа во воспоставување систем на електронско пријавување на гостите. Пријавувањето на гостите во хотелот или приватното сместување веднаш да се регистрира и во полицијата и во Локалната самоуправа. Тоа е лекот за избегнување на сегашното нагаѓање со точна бројка на посетители на крајбрежјето и градот.
{loadposition content9}