Skip to main content

Охриѓанчињата го одбележаа Денот на шегата

Космонаути, принцези, самовили, вештерки, бетмени беа само дел од најразличните костими со кои најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата.

 |  Валентина Неловска  | 
aprilijada
aprilijada

Космонаути, принцези, самовили, вештерки, Бетмени беа само дел од најразличните костими со кои најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата.

Првиот ден од пролетниот месец  април најмалите на само нивен начин  го направија порадосен  и пораспеан. Заради променливото време  изостана традиционалната прошетка на градскиот плоштад , па манифестацијата се одржа во кругот на 5-те  градинки.  
aprilijada
Со најразличните шарени костими  децата покажаа дека  нивната фантазија е неисцрпна. Целта на Априлијадата е сите деца да уживаат во добра забава и смеа. Во подготвување на програмата, за Априлијадата да биде што поуспешна и поведра,  покрај креативните наставнички се повеќе се вклучуваат и родителите, вели директораката на градинката Марина Петроска Тодороска.

Секоја година костимите се поинтересни и поразлични, со нивните омилени јунаци од бајките, но и од цртаните и ТВ филмови, онака како што сакаат децата.Во почетокот на одржувањето на Априлијадата костимирањето беше поскромно, доаѓаа неколку деца облечени од дома, некои ги подготвуваме ние во градинката, а сега традицијата преминува и во домовите со вклучување и на родителите“, нагласува Петроска Тодороска.

На градскиот плоштад пак, беа присутни  и првоодделенците од охридските основни училишта. Атмосферата и на плоштадот беше пролетна, шарена, распеана и во духот на Денот на шегата. Децата и тука во најразлични костими весело се забавуваа, а денот им го разведрија  и на повозрасните сограѓани.   

{loadposition content9}