Kандидатот за градоначалник на Струга Кочовски, денеска во посета на Подгорци
Д-р Владо Кочовски, Kандидатот за градоначалник на Струга од коалицијата „Заедно за Струга“, денеска во посета на Подгорци.
д-р Владо Кочовски кандидат за градоначалник на Струга, од коалицијата „„Заедно за Струга“, денеска во посета на Подгорци. „Овде со години ништо не е вложено“, истакна Кочовски пред насобраните граѓани кои излегоја да слушнат што новата локална власт планира да инвестира во ова село.
„ Во мојата програма влезено е и селото Подгорци во која стои дека за нардниве четири години доколку го добијам мандатот на нашите граѓани ние ќе направиме изградба и санација на патот Подгорци – Лабуништа и Подгорци – Вевчани, изградба на спортска сала промена на маркицата и давање дозвола за исградба на џамијата на ридот како и други верски објекти и со наша помош од оперативен инфраструктурен и финансиски карактер, отворање на аптека по проектот на министретвото за здравство за организирање на здрвствената заштита за населението од руралните средини“, истакна д-р Владо Кочовски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.
Кочовски денеска пред жителите на Подгорци вети повеќекратно гостување на мобилни екипи од здрвствениот дом Струга во ова село, како и многу здравствени акции за бесплатни контроли на населението, во соработка со министртвото за здравство и Владата на Р Македонија.Кочовски вети и подобрување на културниот живот за жителите од ова село.
„За подобрување на културниот живот и соживотот на граѓаните од село Подгорци несебично ќе ја помагаме и развиваме манифестацијата Гоцеви денови која ќе настојуваме да добие ранг од републички карактер. Реализацијата на овие проекти е добра можност да гласате за мене д-р Владо Кочоски со заокружување на бројот 19, затоа што зад овие проекти стои Владата на Р македонија и премиерот Никола Груевски. Ова се дела кои неможе да ги реализира мојот противкандидат ниту коалиционите партнери од другата страна“, изјави д-р Кочовски.
Кочовски вчера беше во посета и на Лабуништа, каде на жителите им вети изградба на спортска сала за младите во селото. „Она што минатата локална власт го вети а, не го оствари во изминативе осум години ќе го реализира новата локална власт“ вети Кочоски.
Мегу проектите на Кочовски се и се здравствен дом, решение за бројните каменоломи и комуналната инфраструктура.
„Ви ветувам како жители на селото Лабуништа дека тоа во мојот мандат од четири години ке го завршам заслужувате да имате и зравствен дом согласно бројот на жители кај вас бидете сигурни дека ќе работиме и на таа проблематика. Има и многу други проблеми кои ве засегаат како водоводот и канализацијата ве уверувам дека заеднички ке ги решиме, ветува Владимир Кочоски кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
{loadposition content9}