Skip to main content

Трајкоски го обвини Којчиноски за несовесно работење

Игор Трајкоски кандидат за градоначалник на општина Дебарца обвини дека Којчиноски 16 години несовесно работи.

 |  Маленкова Татјана  | 
Igor Trajkoski
Игор Трајкоски

„Долгогодишнaта голгота спроведувана од страна на СДСМ и Брaнко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиноски е при крај“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тој потенцираше дека за 16 години поминати во општина Дебарца сведоци сме на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиноски, поради што денеска оваа општина е една од најслабо развиените во Р Македонија.

„Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму давајќи му ја добербата на кандидатот за Igor Trajkoskiградоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две децении. СЕ прашуваме дали во СДСМ  не постои недостиг на кадар или поголема е желбата за што поголемо уназадување на општина дебарца   за сметка само на одредени лица блиски до градоначалникот и до СДСМ. Ние овие две децении од општина дебарца жителите можеа да видат само изградба на две бензиски пумпи во сопственот на Којчиноски“, истакна Игор Трајкоски,кандидат за градоначалник на општина Дебарца.

Трајкоски прашува дали за Којчиноски и неговата тајфа примарен им е само нивниот бизнис, наспроти реализацијата на различни проекти кои требаше да се спроведат за подобар живот на жителите во општина Дебарца. Тој се запраша како Којчиноски бара од жителите на општина Дебарца повторно да му дадат доверба. Трајкоски издвои дел од проектите на Којчиноски за кои кажа дека Којчиноски ги ветува секој мандат.

„Во село Оровник во 2009 год. Им вети дека ќе им изгради спортски полигон кој не го изгради во четиригодишниот мандат и се дрзна повторно да им го вети во овој мандат. Второ во село Горенци во 2009 год им вети автобуски превоз со кои патниците ќе бидат качувани од самото село и кога му стана жешко пред 24 март два дена пред избори тогаш им го реализира ова ветување, со цел веднаш по изборите да го блокира влегувањето на автобусите во истото село.  Трето во село Волино им вети многу работи од кои ни едно не исполна освен едно поврзување на градскиот водовод кој доаѓа преку село Требеништа за што со владини средства беше изграден цевководот и сеуште не е ставен во функцја од необјасниви причини“, истакна Трајкоски.

Трајкоски потенцираше дека во 2009 год. во село Мешеишта Којчиноски ветил изградба на канализација која и ден денес Мешеиштани можат да ја сонуваат.  „Во село Климештани не знам по кој пат им ветува водовод кој сеуште не им е изграден и истиот повторно се ветува. Во село Ботун во 2009 год. вети реконструкција на водоводната мрежа и до ден денес истата не е реконструирана“ рече Трајкоски.
 
Тој на крај запраша дали на жителите на дебарца им се потребни ваквите ветувања кога како што кажа, на Којчиноски  не му се битни проекти туку  го интересираат само неговите бизниси со неколкуте блиски соработници.
„Со воспоставување на мојот мандат како градоначалник ветувам дека ќе се реализираат сите потребни проекти кои им се значајни на жителите од општина Дебарца, а за тоа главен мотив ќе ми биде токму нивната доверба која ќе ми ја дадат на 07 април“ истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски.

{loadposition content9}