Skip to main content

Кенедиеви остануваат во политиката

Американскиот претседател Барак Обама побара од ќерката на Џон Фицџералд Кенеди, некогашниот претседател кој беше убиен во Тексас во 1963 година, да ја преземе важната функција, амбасадор на САД во Јапонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Caroline Kennedy
Керолајн Кенеди

Американскиот претседател Барак Обама побара од ќерката на Џон Фицџералд Кенеди, некогашниот претседател кој беше убиен во Тексас во 1963 година, да ја преземе важната функција, амбасадор на САД во Јапонија.

Caroline KennedyКеролајн Кенеди (56), активно го поддржуваше Обама на изборите во 2008 и 2012 година, но потоа се повлече од политичкиот живот.
Таа размислувала и да се кандидира за сенаторско место во државата Њујорк, кога Хилари Клинтон стана државен секретар во 2009 година. Сепак, се откажа од кандидатурата наведувајќи дека се повлекува од лични причини.

Еден извор во Демократската партија за ЦНН изјави дека Керолајн Кенеди е одредена за местото амбасадор во Јапонија, кој е најголемиот американски трговски партнер.

Таа е единственото живо дете на убиениот претседател Џон Кенеди и Жаклина Џеки Кенеди.

{loadposition content9}