Skip to main content

Почна употребата на канабисот во Чешка, но само за медицински цели

Консумирањето на канабис во терапевтски цели е дозволено во Чешката Република од понеделникот кога стапи на сила законот кој беше донесен во понеделникот кој дозволува набавување на оваа дрога поради ублажување на симптомите на тешките заболувања.

 |  Голабовски Крсте  | 
canabis
канабис

Консумирањето на канабис во терапевтски цели е дозволено во Чешката Република од понеделникот кога стапи на сила законот кој беше донесен во понеделникот кој дозволува набавување на оваа дрога поради ублажување на симптомите на тешките заболувања.

За да се избегне злоупотребата, канабисот ќе може да се набави само на лекарски електронски рецепт поради ублажување на симптомите на тешките заболувања, како што се ракот, Паркинсоновата болест, псоријазата, мултиплекс склерозата, склерозата на зглобните површини и атописки ексцем.

parlament ceskaЧешка ќе ја увезува таа дрога во текот на периодот од една година додека Националниот институт за контрола на лековите не го покрене издавањето на лиценци коишто ќе бидат валидни максимално пет години за локалните одгледувачи. Согласно со новиот закон, Институтот, исто така, ќе ги ограничи областите за одгледување.

Чешка со 10,5 милиони население е една од најлибералните европски земји во поглед на употребата на марихуаната. Лицата кои кај себе имаат до 15 грама марихуана или одгледале до пет стебла канабис сатива ризикуваат само парични казни.

Процентот на младите коишто консумираат марихуана во Чешка паднал од 203 отсто во 2010 година на 16,1 проценти во 2011 година, според податоците на Националната агенција за дроги.

Инаку од 1-ви април во Чешка стапи на сила уште еден закон од областа на здравството, со кој се дозволување пресадување органи на странски донори коишто починале во Република Чешка.

{loadposition content9}