Skip to main content

Болт и Исинбаева, најдобри во 2008

Меѓународната асоцијација на атлетски федерации, го прогласи јамајчанецот Усеин Билт и руската скокачка со стап Јелена Исинбаева за најдобри во 2008.

 |  Крсте Голабовски  | 
Isinbaeva i Bolt
Исинбаева и Болт
Меѓународната асоцијација на атлетски федерации, го прогласи јамајчанецот Усеин Билт и руската скокачка со стап Јелена Исинбаева за најдобри во 2008.

Свеченоста се одржа во Монте Карло. Станува збор за трикратен олимписки шампион и светски рекордер во двете спортски спринетрски дисциплини, односно за олимписката победничка и светска рекордерка во скок со стап.

Bolt i IsinbaevaИААФ за најдобар рекорд во машка конкуренција го избра светскиот рекорд на кубанецот Дајрон Роблес во трчање на 110 метри со пречки, а кај жените оној на етиопјанката Тирунеш Дибабе на 5000 метри и чехињата Барбора Спотакова во фрлање копје.

Откритие на сезоната е кенијската тркачка на 800 метри Памела Џелимо, која победи на 15 трки по ред и стана добитничка на „Златната лига“. Признанија добија и швеѓанката Кајса Бергквист и Стефан Холм, и спортистот од Еквадор Џеферсон Перез и други истакната спортски личности.

 

 

{loadposition content9}