Земјата, во која теориите на заговор „палат“
Едно национално истражување открило дека 37 отсто од Американците мислат дека глобалното затоплување е измама, а 11 отсто веруваат дека Владата дозволила да се случи терористички напад врз Америка на 11 септември.
Едно национално истражување открило дека 37 отсто од Американците мислат дека глобалното затоплување е измама, а 11 отсто веруваат дека Владата дозволила да се случи терористички напад врз Америка на 11 септември.
Изнанедувачките резултаи се дел од големата студија која за цел имала да дознае како политичкото определување може да влијае на верувањето во бројни теории на завера.
Резултатите откриле дека 34 отсто од републиканците веруваат дека светот го контролира некоја тајна група, во споредба со 35 отсто на независните гласачи и 11 отсто демократи.
Додека вкупно 44 отсто од Американците сметаат дека администрацијата на Буш, намерно го излажала народот во врска со оружјето за масовно уништување во Ирак, само за да имаат причина за војна. Кога ќе ги погледнеме политичките определувања, тоа се однесува на 72 отсто демократи и 27 отсто републиканци.
Но постојат и други теории на завера – 23 отсто на демократите веруваат дека глобалното затоплување е измама, а повеќето од половината републикаци мислат дека станува збор за мит.
Дури 33 отсто од републиканците веруваат дека Садам Хусеин бил поврзан со нападот на Америка на 11 септември, а со ова не се сложуваат 78 отсто од демократите.
Една теорија на завера е подеднакво веројатна и за двете групи, па затоа 51 отсто од Американците веруваат дека постои голема завера зад атентатот на Џон Кенеди, а секој десетти верува дека Големото стапало (Bigfoot) е вистински.
Погледнете уште неколку резултати од истражувањето:
-6 отсто од гласачите веруваат дека Осама Бин Ладен е сè уште жив.
-21 отсто од гласачите тврдат дека „NLO“ се срушил во 1947 година во Розвел, но Владата го прикрила случајот.
-28 отсто од гласачите веруваат дека светот го контролира мала група на луѓе.
-28 отсто од гласачите веруваат дека Садам Хусеин имал врска со нападот на Америка на 11 септември.
-20 отсто од гласачите сметаат дека постои поврзаност помеѓу вакцинацијата и аутизмот.
-7 отсто од гласачите веруваат дека слетувањето на Месечината било лажно.
-13 отсто од гласачите варуваат дека Барак Обама е антихрист.
-29 од гласачите мислат дека постојат вонземјанци.
-9 отсто од гласачите веруваат дека државата фрла флуор во водата поради злонамерни причини, а не само поради здравјето на забите.
{loadposition content9}