Д-р Кочоски: Ја сакам хирургијата и своите пациенти, но ја сакам и Струга
Заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата „Заедно за Струга“, д-р Владимир Кочоски ги покажа своите хируршки вештини, но и својата грижа и почит кон пациентите.
Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата „Заедно за Струга“, денес пред новинарите се покажа во своето природно светло и природно окружување.
Вработен како хирург во Општата болница во Струга, д-р Кочоски досега направил безброј интервенции. Денес имавме можност да присуствуваме на еден од овие негови зафати.
„Мојата професија е благородна. Им помагам на сите луѓе кои што имаат потреба. Не правам разлика по етничка припадност, дали се македонци, албанци, роми или турци. Не правам разлика по верска припадност. Секој кој што дошол кај мене, јас сум му помогнал од срце. Исто така и како градоначалник за потребите на луѓето ќе дадам се од себе без разлика на каква етничка, верска или политичка припадност припаѓаат.“-вели Д-р Владимир Кочоски-Кандидат за градоначалник на коалицијата „Заедно за Струга“.
Д-р Кочоски вели дека тој многу ја сака хирургијата, но дека го сака и градот Струга. Тој рече дека и градоначалничката функција како и неговата основна професија, бара огромна работа и посветеност, но и дека се надева дека барем еден ден од неделата ќе може да им посветува и на своите пациенти.
{loadposition content9}