Поддршката за воведување на еврото во Шведска се зголемува
Поддршката во Шведска за промена на националната валута, круната, со еврото се зголемува.
| Крсте Голабовски | Свет
Шведска
Поддршката во Шведска за промена на националната валута, круната, со еврото се зголемува.
Но, и понатаму мнозинството избирачи би се изјаснило против воведувањето на еврото доколку сега би се одржал референдум, пишува шведскиот дневен весник ”Дагенс нихетер”, пренесувајќи ги резултатите од најновата анкета.
За еврото во Шведска би гласале 44 проценти од избирачите, што претставува пораст за девет проценти во споредба со едно слично истражување од мај годинава. Против би глсале 48 проценти.
Според мислењето на експертите, зголемувањето на поддршката на еврото се должи најмногу на силното ослабнување на шведската круна како последица на финансиската криза.
„Луѓето гледаат дека вредноста на круната падна во последно време. За граѓаните се помалку важни аспектите како, на пример, дека послабата круна може да биде добра за шведскиот извоз“, вели Микаел Гилјам при Универзитетот во Гетеборг.

{loadposition content9}