Поништување на резултатите од гласањето во Струга, бараат од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ
Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ.
Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмен и СДСМ на заедничка прес конференција. Тие обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа од ДИК да ги поништи резултатите, според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села. Посочија примери на низа нарушувања на изборниот процес кој влијаеле на крајниот резултат од гласањето.
Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски кажа дека изборните резултати во општина Струга за нив се целосно нерегуларни и неважечки.
„Како доказ за овие нерегуларности се признавање на резултатите од повеќе избирачки места каде што беа евидентирани празни избирачки ливчиња и каде беа утврдени повеќе избирачки ливчиња во гласачките кутии. Оттука бараме од ДИК да го поништи целосно вториот круг во општина Струга и да овозможи фер и регуларно гласање, да овозможи нов изборен круг на кој граѓаните на Струга слободно ќе ја изразат својата желба и волја без никаков притисок и диктат“ .
Кандидатот за градоначалник Владо Кочоски, се заблагодари на сограѓаниет кои го поддржале на изборите , а упати обвинување до неговиот противкандидат.
„Мојот против кандидат на денот на изборите го прекршил изборнит законик пред неколку гласачки места, вршел агитација и пропаганда за гласање, тоа се случило во Лабуништа, Октиси и пред општина Струга“. Ристе Ќушкоски, претседателот на општинската организација на СДСМ во Струга, укажа на примери за изборни нерегуларности на две гласачки места 1906 и 1907 во Лабуништа.
„ Во Лабуништа имаше јавно гласање, шест души гласаат јавно, а претседателот на избирачкиот одбор воопшто не реагираше. Исто така во избирачко место затекнат е член со туѓа лична карта, а претседателот на избирачкиот одбор наместо да реагира го извлекува лицето од избирачкото место“.
За посочените неправилности, според ВМРО ДПМНЕ и СДСМ одговорна е Општинската изборна комисија.
Пратеничката Лилјана Затуроска апелираше до ДИК ако ги прифати забелешките и неправилностите , да озозможи во следниот изборен циклус минимални услови за легитимен избор.
„ Бараме разрешување на членовите на ОИК на чело со претседателот Џингис Хани и членовите Камбер Даути и Патриот Даути кои беа директни учесници во нерегуларностите и поддржувачи на овие нерегуларности“, побара Затурсока.
Затуроска , нагласи дека е потребна промена и на составот на изборните комисии, односно да се овозможи правична застапеност на македонците во изборните комисии, со што ќе се овозможат услови во Струга да има легитимни избори.
{loadposition content9}