Струшкиот болнички блок очекува реконструкција после отварањето на охридскиот
Струшката Општа болница скоро три години успешно се справува со зголемениот обем на работа.
Речиси трета година, Општа болница Струга, дава услуги на пациентите до Охрид, посебно во делот на гинекологија и хирургија. Првиот човек на струшката болница д-р Ментор Ибраим, вели дека успеле да се справат со големиот обем на работа, и засега не трпат поголеми финансиски загуби од болничкиот буџет, бидејќи во 2012 располагале со повисок износ на средства во споредба со 2011 година.
Бројот на извршени интервенции за 2011 во споредба со 2012 не бележи значителни промени, додава тој.
„Како 2011 така и во 2012 кај нас беше обемот на дадени услуги зголемет, не дека имавме пациентиод Охрид туку низ цела година имавме пациенти од Кичево, Дебар па и соседна Албанија. Минатата година обемот на работа конкретно за гинекологија беше како и во 2011 година со 3-4 породувања повеќе. Број на вјупни породувања беше 1280 раѓања од кои околи 490 беа со царски рез а другите беа по природен пат и тука имаме еден тренд на намалување т.е пад околу царските интервенции“.
И на одделението за хирургија во Струга бројките се скоро идентични, има околу 1200 хируршки интервернции, нагласи Ибраим.
Генерално земено тој ја пофали работата на медицинските екипи од двете соседни општини, бидејќи според него докторите и останатиот медицинси персонал комплетно биле посеветени пациентите и на одговорноста која ја носат.
„Што се однесува на услугите има тренд на растење во споредба со првиот квартал во 2012 и во двете оддленија гинекологија и хирургија каде има огромно зголемување на интервенции преку лапараскопската интервенција, кој како нов метод ланската година применет е за прв и можеби сме меѓу првите во регионов што го работиме тој метод. Станува збор за метод кој не е инвазивен, задоволен е и пациентот и неговиот престој во болницата е пократок“.
После враќање во нормален колосек на работа на струшката болница, поточно враќање на персоналот и пациентите во новата охридска болница, директорот Ибраим очекува Министерството за здравство да изврши реконструкција на делови од болничкиот комплекс и во Струга како и доопремување со потребната современа медицинска апаратура.
{loadposition content9}