Четиринаесет лица прободени во колеџ во САД
Напаѓач нанесе убоди рани на најмалку 14 лица во кампусот на колеџ крај Хјустон, во сојузната држава Тексас.
Напаѓач нанесе убоди рани на најмалку 14 лица во кампусот на колеџ крај Хјустон, во сојузната држава Тексас, соопшти полицијата. Четворица од повредените се одведени во болница со хеликоптер.Осомничениот е уапсен, а кампусот на колеџот „Лоун стар“ во Сајпрес e затворен, изјави портпаролот на полицијата во округот Харис.
Нападот бил извршен додека студентите биле на предавања.Напаѓачот се префрлувал од зграда во зграда, поради што се појавиле првични соопштенија дека напаѓачите се двајца. Според првичните извештаи, 12 студенти се превезени во болница, четворица од нив се потешко повредени, додека останатите минале со полесни повреди.
Мотивите за нападот како и идентитетот на напаѓачот засега се непознати.
{loadposition content9}