Skip to main content

Што ги „пие“ реките во Кина?

Последниве 3 години Кинезите земаа да ги бројат реките низ земјата. Резултатите беа разочарувачки.

logo
лого

Минатата недела кинеското Министерство за водени ресурси, објави дека според 3-годишниот попис во земјата има 22.909 реки со поголема површина од 100 километри квадратни.

Прво нешто на што се извади владата беше глобалното затоплување, на второ место беа застарените техники за мапирање со кои се правеле мапите во 50-те, заради што тогаш им излегол така голем број на реки.

rekaСепак главен виновник е катастрофалната комбинација од бум на населението, кој е дополнет со индустријализацијата на земјата која ги загадува и онака ограничените резерви со вода.

Денешниот систем за менаџмент на водата во Кина потекнува од 60-те, кога по серија на катастрофални поплави Мао Це Тунг наредува изградба на серија брани и резервоари. Оваа инфраструктура ги спречува поплавите, но во исто време го уништува еколошкиот баланс, со тоа што ги блокира реките кои некогаш течеле низ Северна Кина. Како резултат на ова голем број од реките и езерата во овој регион почнуваат да се сушат, а фармерите ги пресушуваат своите бунари.

Во 2008-ма Кина ја пушти во употреба браната Три Клисури, најголемата хидроцентрала на светот, за во 2011-та да ја признаат еколошката штета што таа ја направи и социјалниот ефект (1,4 милиони раселени).

rekaИ покрај ова, властите и понатаму остануваат решени да го спроведат Проектот за трансфер на водата Југ – Север, кој преставува уште поголем потфат од браната Три Клисури и кој се очекува да чини околу 62 милијарди долари.

{loadposition content9}