Skip to main content

Реакција на признанието на Монгомери

Меѓународниот Олимписки Комитет ќе реагира на признанието на Монгомери Тим дека бил допингован пред Олимписките игри во Сиднеј.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tim Montgomeri
Тим Монтгомери
Меѓународниот Олимписки Комитет ќе реагира на признанието на Монгомери Тим дека бил допингован пред Олимписките игри во Сиднеј.

МОК, соопшти дека е спремен да ги превземе соодветните чекори бидејќи американскиот спринтер призна дека користел недозволени средства пред Олимписките игри во 2000 година. Монгомери во едно телевизиско интервју изјави дека земал тестостерон и хормон за раст пред игрите во Сиднеј и кажа дека не го заслужува златниот медал во штафетата 4х100м. Тој трчаше во квалификациите, но не и во финалето.

Tim Montgomeri„Ќе ја испитаме целата работа преку една темелна истрага и ќе преземеме соодветни чекори. Ја основавме дисциплинската комисија во 2004 година, чија цел е да се утврди како тоа влијае на натпреварите во МОК“ изјави портпаролката Емануел Моро.

Портпаролката изјави дека го подржува повикот на Олимпискиот комитет на САД, на Монтгомери да го врати медалот.

 

 

{loadposition content9}