ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот
Тие од вчера започнаа со процесот на замена на бекатон плочките долж кејот на Охридското езеро, кои беа оштетени за време на неколкуте невремиња кои го зафатија Охрид во изминатите недели.
Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид.
Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која работи на санација на оштетувањата. Тие ни кажаа дека од рано утринава започнале со работа. Неколкуте поголеми и многуте помали оштетени бекатон плочки биле прередени, а потоа зацврстени со употреба на бетон.
Инаку како што информираат од јавното претпријатие „Нискоградба“, најголемиот дел од оштетувањата долж кејот ќе бидат отстранети во текот на денешниот ден, додека остатокот од работите ќе бидат завршени во Понеделник.
{loadposition content9}