Skip to main content

Шпанија остана без селектор

Селекторот на шпанската тениска репрезентација Емилио Санчез Викарио најави дека се повлекува од должноста, еден ден после освојувањето на титулата во Дејвис купот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Emilio Sancez
Емилио Санчез
Селекторот на шпанската тениска репрезентација Емилио Санчез Викарио најави дека се повлекува од должноста, еден ден после освојувањето на титулата во Дејвис купот.

Викарио изјави дека со победата над Аргентина во финалето ја завршил својата мисија и дека нема да го предводи тимот кога шпанија во март следната година ќе се сретне со Србија во почетниот циклус од натпреварувањето.

Emilio Sancez„Започнав еден циклус пред три години и сега тоа заврши. Оваа титула е награда за сите играчи и се надевам дека мојот наследник исто така ќе има голем успех“, изјави Викарио.

Главен кандидат за да го наследи е поранешниот шампион на Роланд гарос, 33 годишниот Алберто Коста, пренесуваат шпанските спортски весници. Коста беше член на претходната шпанска генерација тенисери од 2000 година.

 

 

{loadposition content9}