Доделени „Пулицеровите награди“
Весникот „Њујорк тајмс“ ги освои овогодишните Пулицерови награди, вклучително за меѓународна репортажа на Дејвид Барбоса, кој откри случај на корупција на највисоко ниво во државната управа на Кина.
Весникот „Њујорк тајмс“ ги освои овогодишните Пулицерови награди, вклучително за меѓународна репортажа на Дејвид Барбоса, кој откри случај на корупција на највисоко ниво во државната управа на Кина.
„Њујорк тајмс“ ја доби и наградата за истражувачка сторија, со која се открива како синџирот продавници „Волмарт“ плаќал поткупи, за да стане доминантен на пазарот во Мексико.
Агенцијата Асошиејтед прес го доби Пулицер за новинарска фотографија за граѓанската војна во Сирија.
Пулицер се доделува секоја година од Колумбискиот универзитет по препорака на комисија новинари и претставници на други професии.
Се смета за најпрестижната награда во печатени медиуми и е придружена од парична награда во износ од 10.000 долари.
Оваа година на конкурсот учествуваа над 2.500 кандидати во 21 категорија.
{loadposition content9}