Забранетото е најслатко
Сочно-еротската содржина на „50 нијанси на сива“ е заслужна за местото кое го доби на листата на забранети дела која редовно ја составува Американското здружение на библиотекари.
Сочно-еротската содржина на „50 нијанси на сива“ е заслужна за местото кое го доби на листата на забранети дела која редовно ја составува Американското здружение на библиотекари.
Книгата се најде на четвртото место на листата на „несоодветни“ книги – дела кои биле предмет на негодување на многу родители, просветни работници и воопшто јавноста.
Првото место било резервирано за „Captain Underpants“ серијалот од Дав Пилки, а на листата се нашло и едно од делата на нобеловецот Тони Морисон, со наслов „Beloved“.
На второто место се нашла „The Absolutely True Diary of a Part-Time Indian“ од Шерман Алекси, а веднаш зад него била „Thirteen Reasons Why“ на Џеј Ашер.
По издавањето на „50 нијанси на сива“ минатата пролет, јавните библиотеки ширум САД ја повлекле од полиците и решиле да не ги нарачуваат книгите под изговор дека биле премногу еротски и лаички напишани.
{loadposition content9}