Полиња со лалиња
Холандија, земјата на слободата, демократијата, земјата во која има најмалку строг законски систем и најрелаксирани луѓе во светот, има уште нешто со што може да се пофали – прекрасните полиња со лалиња, кои се чини дека ги собрале сите бои!

Лалето е цвет чие име веднаш ве асоцира на Холанија. Иако можете да го најдете во секој двор, цвеќарница, икебана и букет, лалето некогаш било многу ретко и скапоцено, и било причина за илјадници неволји.
Имено, во 17-тиот век постоела тулипоманија, односно опседнатост со лалињата, и нивните нови хибридни видови. Една луковица од нов вид на лале, вредела околу три куќи и осум коњи. Луѓето не тргнувале со пари, туку со луковица од лале. Ова е, на некој начин, и првата берза која се појавила во светот.
Лалињата ги има во 109 видови и подвидови: еднобојни, шарени, со посебни форми… Сите на едно место можете да ги најдете само во Холандија.
{loadposition content9}