Skip to main content

Прекрасна и кога старее

Деми Мур, поранешната сопруга на Брус Вилис и на Ештон Качер, е прогласена за ѕвезда што „најубаво старее“ во истражувањето на британскиот моден сајт „MyCelebrityFashion“.

demi moore
деми мур

Деми Мур, поранешната сопруга на Брус Вилис и на Ештон Качер, е прогласена за ѕвезда што „најубаво старее“ во истражувањето на британскиот моден сајт „MyCelebrityFashion“.

Биле анкетирани 1.300 жени за да се дознае кои се, според нив, ѕвездите што најубаво стареат.
Деми Мур се нашла на првото место со 55 отсто од гласовите. Глумицата, која неодамна се разведе од Ештон Качер, и понатаму изгледа одлично, и покрај тоа што навлезе во шестата деценија од животот. Иако негира дека имала какви било естетски интервенции, тешко е да се поверува во тоа.

demi mooreНа второто место е 64-годишната пејачка и глумица Оливија Њутн Џон, ѕвездата на славниот „Брилијантин“ (Grease), а на третото 67-годишната оскаровка Хелен Мирен. Четвртото место го зазела првата дама на САД, 49-годишната Мишел Обама, а петтото 54-годишната глумица Мишел Фајфер.

На шестото место е Твиги, култната манекенка од 60-тите, која сега има 63 години, а по неа следуваат 55-годишната Шерон Стоун и омилената американска водителка, 59-годишната Опра Винфри.

{loadposition content9}