Skip to main content

Детскиот семафор со помалку учесници, но со одлични резултати

Основците од четири општински училишта ги покажаа своите сообраќајни знаења.

 |  Мишел Наумоски  | 
semafor
семафор

Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

detski semafor Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар.

„Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар се организира според правилникот за одржување на „Детски семафор“. Тоа се редовни активности кои општинските совети ги спроведуваат во цела Македонија. Регионалниот натпревар ќе се одржи најверојатно на 19ти Мај, а државното првенство е закажано за 25ти Мај. Тие се одржуваат под покровителство на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.“-вели Томислав Тунтев од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

prakticen del semaforОваа година за жал на „Детскиот семафор“ учествуваа помал број на ученици за разлика од минатите години, но ништо помалку според квалитетот и постигнатите резултати.

„Вкупно учествуваа 24 дечиња, во четири екипи, беа толку расположени, со толку голем ентузијазам така што нас како на организатори ни беше навистина задоволство да учествуваме и овој пат во оваа сообраќајно-воспитна манифестација. Со оглед на тоа што на овој состав на општинскиот совет за безбедност овој месец му истекува мандатот, јас се надевам дека советот во наредниот состав ќе продолжи со ваквите активности кои ние во последните четири години активно ги организираме, се со цел да се подигне сообраќајната култура кај најмладите учесници во сообраќајот и да се зголеми барем за едно ниво безбедноста нивна, како рамноправни учесници во сообраќајот.“-рече Тунтев.

priznanija SemaforИнаку на овој општински натпревар учество зедоа екипите од основните училишта: Св. Климент Охридски, Кочо Рацин, Живко Чинго и Братство – Единство, а беа постигнати следните резултати:

Во екипен пласман:

Прво место – екипата на ОУ Кочо Рацин
Второ место – екипата на ОУ Живко Чинго
Трето место – екипата на ОУ Братство Единство

Во поединечен пласман, женска конкуренција:

Прво место – Каролина Ѓореска, ОУ Кочо Рацин
Второ место – Јована Јоноска, ОУ Живко Чинго
Трето место – Марија Јолеска, ОУ Кочо Рацин

nagradi SemaforВо поединечен пласман, машка конкуренција:

Прво место – Михајло Стефаноски, ОУ Живко Чинго
Второ место – Петар Вељаноски, ОУ Кочо Рацин
Трето место – Јован Плевнароски, ОУ Живко Чинго

Организаторот на општинскиот натпревар обезбеди признанија за сите учесници во натпреварот, а трите првопласирани екипи освоија пехари за прво, второ и трето место, додека во поединечна конкуренција, првопласираните ученици освоија велосипеди, второпласираните МП3 плеери, а третопласираните освоија заштитни кациги.

Со заштитна кацига беше награден и најмладиот учесник на денешниот натпревар, Кристина Јованоска од 5-то одделение од ОУ Живко Чинго.

{loadposition content9}