Skip to main content

Косовскиот амбасадор во посета на општина Струга


Амбасадорот од Косово меѓу првите кои му ја честитаа градоначалничката функција на Зијадин Села.

 |  Маленкова Татјана  | 
sela sredba kosovski ambasador
села срдба косовски амбасадор

 

Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција.


„Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово – sela sredba kosovski ambasadorАлбанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса.

На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта, амбасадорот е категоричен дека постапката е во тек и дека набрзо и тоа ќе се стандардисира.
Градоначалникот Села искажа огромно задоволство што во посета на општина Струга дојде Косовскиот Амбасадор. Тој потенцираше дека со амбасадорот имаат заеднички ставови дека влијанието на Косово е голмо за стабилноста на регионот.


Црна дамка на денешната средба остави тоа што за Амбасадорот домаќинот немаше обезбедено фонетски превод, а зачуди и фактотот што ни градоначалникот Села не се обрати на македонски, ниту даде изјава по средбата.

{loadposition content9}