Skip to main content

Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди


Тој рече дека кај индиските инвеститори сеуште постои силен интерес за реализација на нивниот проект во Љубаништа.

 |  Мишел Наумоски  | 
Roj hotel
Рој хотел

„Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро.

Sahara GroupВо таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди.

„Околу тој аспект можам да упатам еден смирувачки тон кон сите оние загрижени граѓани и оние скептици кои сметаат дека можат да бидат нарушени некои стандарди во градењето. Тоа во ниеден случај нема да се случи, ниту државните институции тоа ќе го дозволат, ниту пак јас како градоначалник нешто што отстапува од законските прописи и од било кој дел од општественото живеење, нема да се случи, тоа сигурно го гарантирам.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Со цел да се запази токму еколошкиот аспект на проектот, како и запазување на најстрогите градежни стандарди, Министерството за транспорт и врски организирало средба со сите релевантни фактори од државава.

Saharayan Makedonya„Пред две недели имавме во широк состав средба во Министерството за транспорт и врски, на кој беа присутни претставници од инвеститорот, претставници од архитектонското студио „Еткинс“ од Лондон и главниот проектант, беа претставници од Министерството за транспорт и врски, министерството за екологија, Хидробиолошкиот завод од Охрид, Националниот парк „Галичица“, претставници од Министерството за култура, така да сите релевантни фактори кои се задолжени околу сите аспекти на изградба на овој комплекс, беа присутни на една маса.“-вели Бакрачески.

На оваа средба, главниот проектант на „Сахарајан Македонија“, односно претставниците на проектанската куќа „Аткинс“ од Лондон изразиле подготвеност да ги прифатат сите забелешки што релевантните фактори од Македонија би ги имале околу изградбата на овој туристички комплекс. Луѓето од „Аткинс“ воедно побарале тие забелешки, но и критериуми да бидат напишани во форма на водичи по кои би се спроведувал проектот.

Инаку што се однесува до информациите дека Македонската православна црква се спротиставува на изградбата на овој туристички комплекс како сопственик на најголемиот дел од земјиштето на кое ќе се гради,  градоначалникот Бакрачески рече дека барем досега тој не добил таква информација ниту барање за средба со преставниците од МПЦ.

{loadposition content9}