Skip to main content

Затворот Гвантанамо конечно под клуч?

Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш повика на затварање на затворот Гвантанамо на Куба,при што наглaси дека тој затвор им штети на интересите на САД.

 |  Голабовски Крсте  | 
guantanamo
гвантанамо

Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш повика на затварање на затворот Гвантанамо на Куба,при што наглaси дека тој затвор им штети на интересите на САД.

Изјавата на Обама доаѓа по бројните вести за штрајк со глад на затворениците, како и мерките на присилно хранење што се вршат над нив од страна на затворските служби.

Barak Obama-Затворот е штетен на меѓународен план, ја загрозува соработката со нашите сојузници во борбата против тероризмот и служи единствено како оружје за регрутација на екстремистите изјавил Обама.

Во затворот со глад штрајкуваат 166 затвореници, а во јавноста излегоа фотографии со столчиња за хранење на кои затворениците се врзани и ги хранат со сила. Поголемиот дел од нив се во притвор на „неодредено време“ без официјално обвинение.

{loadposition content9}