Skip to main content

Бакрачески: Да продолжи урбанизацијата на Бејбунар, но согласно законите

Пред неколку дена Уставниот суд ја оспори одлуката за Деталниот урбанистички план во охридската населба Бејбунар 2, заради повреда на постапка при носењето на  планот.

 |  Мишел Наумоски  | 
Bejbunar
бејбунар

Атрактивниот локалитет Бејбунар 2 повторно во фокусот. Деталниот урбанистички план за скапиот  стамбено деловен комплекс кој е предвиден на тоа место беше оспорен од Уставниот суд поради повреда на постапката при изведување и носење на истиот. Судот ги стопираше градежните работи во Бејбунар. Но неколку дена по одлуката на Уставен, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, со став дека урбанизацијата на овој локалитет треба да продолжи.

zgradi Bejbunar„Јас ќе се заложам заедно со моите служби да се поведе повторно една постапка, меѓутоа законска постапка, каде што ќе се почитуваат сите оние законски прописи и регулативи кои што важат за носење на еден детален урбанистички план и за законска урбанизација, и после спроведувањето на една таква законска постапка, сметам дека треба да продолжи урбанизацијата во тој дел на градот. Апсолутно сметам дека во тој дел на градот треба да се гради.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Уште кога беше изгласан деталниот урбанистички план за Бејбунар, следеа серија реакции. Само за потсетување, тогашната локална самоуправа најпрво доби зелено светло од Министерството за транспорт и врски, но по реакцијата од страна на Управата за заштита на културното наследство, министерството ја смени одлуката и привремено ја стопираше градбата како би можело најпрво да се направи археолошко испитување на локацијата.

Инаку на овој атрактивен локалитет, беше предвидена изградба на 39 станбени објекти од кои еден  дел се веќе изградени, а вредноста на овој станбено-деловен комплекс кој се протега на површина од скоро 13 хектари, изнесуваше 100 милиони евра.

{loadposition content9}